Фон дер Лајен бара да се почитува Преспанскиот договор


 

Три часа по полоагањето заклетва на Гордана Силјановска-Давкова се јави со реакција претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, барајќи Северна Македонија да го почитува Преспанскиот договор. Нејзината реакција се однесуваше на изоставувањето на зборот Северна кога Силјановска ја даваше заклетвата за претседател и кажа само „Македонија“.

Во објавата на Икс таа порача дека Северна Македонија треба да продолжи со присрапувањето во ЕУ преку спроведување на реформите и почитување на склучените договори, меѓу кои и Преспанскиот.

„За Северна Македонија да го продолжи својот успешен пат кон пристапувањето во ЕУ, најважно е земјата да продолжи по патот на реформите и целосно почитување на нејзините обврзувачки договори, вклучително и Договорот од Преспа“, напиша Урсула фон дер Лајен.