Фоивос Деливоријас во Скопје: Ексклузивен концерт со музика од грчки филмови
Во рамките на Фестивалот на грчки филм и култура концерт кој почнува утре во кино „Милениум“ ексклузивен концерт со музика од грчки филмови ќе одржи еден од најпознатите грчки музички бендови во последните години. Станува збор за бендот на Фоивос Деливоријас, кој ќе настапив петок во клуб ресторанот МКЦ.
Тие имаат специјален репертоар за оваа прилика и ќе свират филмска музика од познати грчки филмови. Оваа мошне посебна колекција од репрезентативна грчка музика е всушност придонесот на грчкиот текстописец за грчкиот филмски фестивал и култура 2019 во Скопје.
Деливоријас пред доаѓањето во Скопје одговори неколку прашања.
Колку знаете за нашата музика? Дали сте гледале некој македонски филм?
-Сум го гледал „Пред дождот“, но претпоставувам дека сите што не потекнуваат од вашата земја го знаат тој филм. Сакам да бидам информиран, навистина сум љубопитен да научам повеќе работи. Што се однесува до музиката, јас навистина не знам ништо освен вашиот фолклор и би сакал да ги слушам современите уметници.
Филмската музика е специфичен жанр. Сте пишувале ли филмска музика?
-Јас го составив ОСТ на „7 видови гнев“ од Вупурас. Сакам филмска музика, од Алекс Норт и Нино Рота до Ханс Зимер и Џони Гринвуд. Би сакал да работам повеќе на OST.
Кој е вашиот омилен режисер? Омилен филм?
-Љубител сум на режисери од типот на Фелини. Ми се допаѓаат неговите барокни слики, неговата креативна енергија и неговата љубов кон луѓето, кон нивните тела и души. Значи, мојот омилен филм е веројатно „8½“.