Финска е најсреќна земја во светот, Македонија рангирана на 92. место

Финска повторно е најсреќната земја која четврти пат по ред ја брани титулата во најновиот Светскиот извештај за среќа World Happiness Report, кој користи статистичка анализа за да ги одреди најсреќните земји во светот.
За да ја одредат најсреќната земја во светот, експертите анализираа сеопфатни податоци од анкети од 149 земји, особено следејќи ги перформансите во шест категории. Категориите се бруто домашен производ по глава на жител, социјална политика и здрав животен век. Покрај тоа, тука е и слободата да се направи сопствен животен избор, дарежливоста на населението како и нивото на корупција.
Интересно е што првите седум најсреќни земји во светот сите се северноевропски земји. Финска го зазеде првото место, четврта година по ред, со вкупен резултат од 7.842. По Финска следат Данска со 7.620, Швајцарија со 7.571, Исланд со 7.554, Холандија со 7.464, Норвешка со 7.392 и Шведска со 7.363 бодови.
Најмалку среќна земја во светот за живеење е Авганистан, на 149 место. Оваа позиција може да се припише на ниската стапка на очекуваниот животен век и ниските стапки на бруто домашниот производ по глава на жител. Последните пет земји ги вклучуваат Зимбабве, Руанда, Боцвана и Лесото.
Најдобро пласирана земја од регионот е Словенија на 29. место, Србија на 48. место, Хрватска на 59. место и Босна и Херцеговина на 63. место, а по нив следи Црна Гора на 71. Македонија е рангирана на 92. место.