Финалистката од Ролан Гарос, Хвалинска, елиминирана на стартот на Вимблдон


Сензационалната финалистка на овогодишниот Ролан Гарос, 24-годишната полска тенисерка Маја Хвалинска (ВТА – 20-та), го заврши својот настап на Вимблдон веќе по стартното коло.

Првото големо изненадување на женскиот турнир го приреди 23-годишната тајландска квалификантка Мананчај Савангкаев (ВТА – 164), која во своето деби на Вимблдон беше подобра од Хвалинска со 2-6, 7-5, 6-2.

Полската тенисерка водеше со 6-2, 5-2 и имаше меч-поен, но загуби пет гема по ред, со што дуелот влезе во трет сет.

Хвалинска поведе со 2-0 во гемови, но потоа ги загуби следните шест гема и го заврши настапот на грен слем турнирот во Вимблдон.