Филков за пресудата за Теодора: Тие два отсто доверба во судството не се џабе

Во одговор на новинарско прашање поврзано со вчерашната пресуда, министерот за правда Игор Филков посочи дека Судскиот совет е повикан да реагира по реакцијата во јавноста.
– Јас ниту смеам, ниту можам да ја коментирам пресудата, но она што секако сакам да го искоментирам е реакцијата на јавноста, а реакцијата на јавноста е оној глас на народот којшто е многу битен, којшто треба да допре до секој од нас, вклучително и до Судскиот совет кој е повикан да реагира. Тие два посто доверба во судството уште еднаш се покажа дека не се џабе, рече Филков.
И премиерот Христијан Мицкоски го повика Судскиот совет да ја разгледа работата на судијата кој ја донесе одлуката за двегодишната казна затвор за возачот кој ја прегази Теодора. Според премиерот, ваквата пресуда не е правда, туку целосно потфрлање на системот.