Филипинскиот претседател Дутерте се закани дека ќе го укине Фејсбук
Претседателот на Филипините, Родриго Дутерте отворено се запраша дали да го забрани Фејсбук, откако американската социјална мрежа одлучи да ги отстрани профилите кои, како што тврди филипинскиот претседател, ги штитат државните интереси и се користат за борба против бунтовниците.
Фејсбук минатата недела соопшти дека отстрани група лажни профили затоа што нивните корисници се обиделе да го скријат својот вистински идентитет и координирано да дејствуваат со намера да „измамат други корисници“.
Дутерте изјави дека засега не размислувал за конкретни потези во врска со ова прашање, но за време на вчерашниот телевизиски настап, меѓу другото, се изјасни на разговор со раководството на Фејсбук.
– Му порачувам на Фејсбук дека бунтовниците сакаат да ја соборат Владата. Која е целта на вашето работење на Филипините ако не сте во можност да ни помогнете да спречиме уривање на Владата? Ако не сте во можност да помогнете во заштита на државните интереси, сè уште можеме да разговараме и да се обидеме да најдеме или да не најдеме некакво решение. Но, ако не го најдеме, ќе ми биде жал …, рече Дутерте.
Критичарите на филипинскиот претседател, независно од случајот со Фејсбук, го критикуваа Дутерте дека користи мрежа на лажни профили на социјалните мрежи за лажна поддршка од јавноста и маргинализирање на неговите критичари и противници.