Филип Петровски тврди дека се подготвува смена на Мицкоски


Филип Петровски, поранешен функционер во ВМРО-ДПМНЕ и екс-пратеник, а сега жесток критичар на актуелното раководство на опозициската партија, вели дека се подготвува смена на актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, а на тоа кумува поранешниот претседател на партијата, Никола Груевски. Според Петровски, за нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ се подготвува Александар Николоски, потпретседател на оваа партија.

„Тука е споната Александар Николоски, за кој што се зборува дека по абдицирањето на Мицкоски, треба да биде неговиот нов наследник, нели, со амин од Груевски, за тој да го задржи своето влијание во партијата. Моите информации говорат дека Николоски работи на создавање на коалиција, на создавање на медиуми, на прибирање на новинари и на влијателни луѓе кои тоа би го поддржале. Тоа Мицкоски го знае и мислам дека е свесен дека не може да избега од тоа доколку промената се случи. Според мене, тоа е тотално неприфатливо за ВМРО-ДПМНЕ и ќе биде погубно, бидејќи партијата е во многу лоша состојба сега“, вели Петровски во емисијата.