Претседателката Сиљановска-Давкова во Брисел на Самит за проширување на ЕУ на Еуроњуз
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Брисел ќе учествува на Самитот за проширување на Европската унија 2026, во организација на Еуроњуз, на кој ќе присуствуваат високи европски и регионални политички претставници.
Во фокусот на самитот ќе бидат процесот на проширување на ЕУ, европската интеграција на земјите кандидати, регионалната соработка и предизвиците со кои се соочува Унијата во однос на приемот на нови членки.
Сиљановска-Давкова ќе оствари средби со генералниот секретар на НАТО Марк Руте и со врховниот командант за Европа генералот Алексус Грегори Гринкевич во Врховниот штаб на сојузничките сили во Европа во Монс, а предвидени се средби и со претставници на европските институции.