ФИФА ги изненади сите со одлуката: Челзи прв светски шампион, ласкавата титула им беше „одземена“ на другите


Управното тело на светскиот фудбал (ФИФА) одлучи официјално да го промени името на актуелните светски клупски шампиони и да им ја „одземе“ таа титула откако Челзи го освои првото Светско клупско првенство во формат со 32 клуба.

Светското клупско првенство се игра од 2000 година и го играа само шампионите на континентите. Од 2025 година, Светското клупско првенство ќе се игра со 32 екипи.

Првото издание во новиот формат го освои Челзи, кој победи со 3:0 против Пари Сен Жермен во големото финале.

По ова финале, ФИФА се одлучи за револуција и го прогласи Челзи за прв светски шампион. Сите претходни титули се „одземени“.

Сите клубови што го освоиле Светското клупско првенство низ историјата останаа без титулата „светски шампион“, а ФИФА отсега ги смета за „интерконтинентални шампиони“.

Светското клупско првенство сега ќе се игра на секои четири години, а според новата одлука, Челзи е првиот и единствен клупски светски шампион досега.

Тимовите што останаа без ова ласкаво признание се Реал Мадрид, Манчестер Сити, Баерн, Ливерпул, Барселона, Коринтијанс, Интер, Милан, Манчестер Јунајтед, Интернационал и Сао Паоло, како и Челзи, кој сега ја има титулата „интерконтинентален шампион“ и „светски шампион“.