„Фич“ го намали долгорочниот кредитен рејтинг на САД


„Фич рејтингс“ (Fitch Ratings) во вторникот го намали долгорочниот рејтинг на американскиот издавач на странска валута на АА+ од ААА, укажувајќи на „очекуваното фискално влошување во следните три години“, ерозијата на владеењето и растечкото оптоварување на долгот.

„Повторениот политички ќорсокак околу лимитот на долгот и решенијата во последен момент ја нарушија довербата во фискалното управување“, велат од „Фич“.

Фјучерсите на американските акции се отворија пониско откако рејтинг агенцијата најави намалување на рејтингот, а фјучерсите на Dow се лизнаа за околу 100 поени.

Во мај, агенцијата го стави на негативен  изглед рејтингот ААА, поради спорот за плафонот на долгот. Во тоа време, пратениците во Вашингтон се судрија околу договорот што ќе ја спречи федералната влада да остане без пари. Претседателот Џо Бајден го потпиша законот за плафонот на долгот на 2 јуни, само неколку дена од „Датумот X“ на 5 јуни.

Неодамнешниот спор околу лимитот на долгот на земјата повторно беше спомнат во намалувањето на рејтингот во вторникот.

„Според мислењето на ‘Фич’, има постојано влошување на стандардите за управување во изминатите 20 години, вклучително и фискалните и должничките прашања, без оглед на јунскиот двопартиски договор за суспендирање на плафонот на долгот до јануари 2025 година“, соопшти рејтинг агенцијата.

„Фич“, исто така, го истакна растечкиот дефицит на општата влада, кој предвидува дека ќе се зголеми на 6,3% од бруто домашниот производ во 2023 година, од 3,7% во 2022 година. Законот за фискална одговорност нуди само скромно подобрување на среднорочната фискална перспектива“, велат од „Фич“.

Агенцијата, исто така, истакна дека комбинацијата од заострување на условите за кредитирање, слабеење на деловните инвестиции и забавување на трошењето може да ја турне економијата во „блага“ рецесија во четвртиот квартал од 2023 година и првиот квартал од следната година.

Белата куќа не се согласи со намалувањето на рејтингот на „Фич“.

„Намалувањето на рејтингот на Соединетите Држави во време кога претседателот Бајден постигна најсилно закрепнување од која било голема економија во светот спротивно е на реалноста“, рече прес-секретарот Карин Жан-Пјер.

Ова не е првпат да се намали рејтингот. Рејтинг агенцијата „Стандард и Пурс“ го намали кредитниот рејтинг на земјата на АА+ од ААА во 2011 година, откако Вашингтон успеа да избегне банкрот. Во тоа време, агенцијата го истакна политичкиот ризик како дел од своето образложение.