Федералниот судија Џон Мекконел привремено ја блокира одлуката на Трамп за замрзнување на федералното финансирање


Федералниот судија Џон мекконел, од Окружниот суд во Провиденс, на Рој Ајленд, вчера привремено ја блокираше администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во намерата за замрзнување на федералните грантови, заеми и друга финансиска помош.

Одлуката на судијата Мекконел дојде на барање на демократските јавни обвинители од 22 сојузни држави и главниот град на САД, и покрај тоа што Белата куќа соопшти дека го повлекла меморандумот на Канцеларијата за управување и буџет што детално ја опишуваше спорната одлука, што беше објавена во понеделникот.

Меконел рече дека доказите покажуваат дека политиката на Трамп сè уште е на сила, и покрај формалното повлекување на „широкиот, опсежен и двосмислен“ меморандум од Канцеларијата за управување и буџет на САД.

Според него, тоа е направено „само на хартија“, а можеби и со цел да се отежнат правните оспорувања.

Судијата издаде привремена забрана со која ја спречува администрацијата да ја суспендира финансиската помош за сојузните држави.

Меконел, кој беше назначен од поранешниот демократски претседател Барак Обама, истакна дека Конгресот не му дал на претседателот „неограничена моќ да ги замрзне нашироко и на неодредено време сите средства експлицитно наменети за конкретни корисници и цели“.

Тој додаде дека ненадејното замрзнување на потенцијално трилиони долари федерални пари ќе предизвика верижна реакција што директно ќе ја загрози способноста на федералните држави и другите институции да обезбедуваат критични услуги за своите граѓани.

Трамп веќе издаде извршни наредби со кои сака да ја замрзне странската помош, да ги замрзне федералните вработувања, да стави крај на програмите за различности во десетици федерални агенции и да го промени статусот на федералните вработени за полесно да ги отпуштат, истовремено нудејќи финансиски стимулации на милиони работници да го напуштат државната служба.