Фармаколог вели дека вакцината против Ковид е посигурна од оние со кои се вакциниравме како деца
Вакцините против Ковид-19 се посигурнио од оние со кои се вакциниравме како деца, вели хрватскиот фармаколог Игор Франетиќ за Дневникот на ХРТ.
„Оваа вакцина, се чини, е посигурна од вакцините со кои се вакциниравме како деца. Можеби некои постари вакцини не биле ни регистрирани да бидат потвргнати на строга контрола и легислатива и строги правила околу ставањето во оптек“, вели Франетиќ.
„Информатичката револуција придонесе за тоа. Денешниот свет е повеќе склон да ги прифаќа негативните информации, па една нуспојава на вакцините се објавува во сите медиуми, цивилизациски сме размазени, сакаме да примаме лекови и вакцини без ризик, а тоа го нема“, вели тој.
Тој вели дека се поизгледно е дека вакцинирањето ќе стане задолжително, со оглед на славата вакцинираност во Хрватска.
„Со овој број заразени, здравствениот систем е изразено напнат. Чинот на вакцинирање е доказ за заедништво, грижа за себе и за другите“, додава Франетиќ.
За лековите кои почнаа да излегуваат за Ковид-19, како тој на „Мерк“ или „Фајзер“ вели дека даваат оптимизам, но дека тие не можат да ја заменат вакцината.
Проблемот со овие лекови веројатно ќе биде делотворноста на пример со лекот на „Мерка“ која може да биде докажана во полесен, благ облик на болеста.
„Секој позитивен пациент би требало да го добие лекот, голем број и ќе го добијат, прашање е дали ќе биде достапен и која земја или систем ќе можат да овозможат таков трошок.
Додава дека делотворноста е околу 50 отсто и дека е испитуван на потешки форми на болеста, каде покажал слаба делотворност – толку слаба што испитувањето е прекинато.
„Нема ниту лек, ниту вакцина, ниту медицинска постапка без ризик или нуспојава, тоа е сѐ вагање на користа и штетата.
Колку потешка е болеста, поподготвени сме да прифатиме тешки нуспојави, но јасно е дека лековите и вакцините имаат свои нуспојави“, тврди Франетиќ.