Македонија е во центарот на американските планови за гасоводната мрежа на Балканот


Македонија може да стане регионален енергетски центар и коридор, изјави помошникот-државен секретар за енергетика на САД Френсис Фанон, по средбата со премиерот Заев

 

Имате јасни чекори каде ќе ја градите Северна Македонија како регионален актер и тука се САД со вас во сето ова, ова е пораката што помошникот-државен секретар за енергетика на САД Френсис Фанон денеска му ја пренесе на средба на премиерот Зоран Заев, која се случува како продолжение на состаноците во Солун, каде беше присутен заедно со американскот државен секретар Мајк Помпео.

„Она што го гледаме овде е навистина трансформативно. Ја гледаме еволуцијата на еден нов енергетски развој. Грција е еден вид предводник во тоа со оглед на инфрастуктурата што ја има за прием на овие ресурси, но гледаме натаму со ваквите приклучоци на помали земји во еден поголем пазар, кој може да ги катализира инвестициските можности што ќе овозможи трансформативен економски прогрес на земјата, но и на целиот регион“, изјави Фанон по средбата со Заев.

Тој информира дека го посетил интерконекторот што ги поврзува Грција и Бугарија, кој ќе го води гасот преку Бугарија и потоа другите приклучоци преку Северна Македонија и изрази задоволство што нашата Влада покажала интерес за вклучување во проектот „Александропулос“.

„Секогаш кога САД ќе видат опции за енергетика тоа има поширок ефект врз намалуавње на цените и подобрување на стабилноста на снабдување на потрошувачите. Северна Мадедонија има таква значајна можност во смисла на гасот, но и за интеграција на обвновливи енергетски ресурси заедно со гасот, потенцира Фанон.

Тој додаде дека ова ќе има значителни геополитички импликации, бидејќи во моментов регионот има ефективно еден добавувач на енергија и кога која било држава е зависна само од еден снабдувач тоа влијае на начинот на кој таа може да ги реализира своите политики.

„САД има долгорочен интерес за енергетската безбедност во однос на зависноста од енергија и многу години всушност од времето на претседателот Реган сака да промовира диверзификација на снабдувањето со енергија, рути на снабдување и со тоа се создава еден таков круг на опции и се создава и пазар. Ако имате само еден извор тогаш тоа не е пазар, туку зависност. И тоа е трансформативно што овде имаме нови опции. Секако американскиот гас е една од значајните опции. САД само што почна да извезуваат гас од 2016 година и по три години бевме трет најголем извоник на течен гас и се надеваме дека ќе бидеме и први. Со ова се создаваат поголеми опции на глобалниот пазар, меѓутоа гледаме и случувања во Источниот Медитеран, во Израел, Кипар, Египет. Целито регион е динамичен, Грција исто така е можност за увоз и со ова поврзување ќе создадеме пазар што не постои и ќе создадеме можности и ќе причиниме поголем ефект на ореол и политички на пазар кој ќе функцонира транспарентно и праведно ќе се создаде поголем ефект“, посочи Фанон.

Тој додаде дека Северна Македонија е важна во однос на географијата како регионален центар за рафинирани производи, увоз на такви производи, дистибутивна мрежа, што значи поголема отпорност и во однос на гасот. Меѓутоа, како што додаде, потребна е политичка волја за ваквата визија да стане стварност и ние сакаме да го поддржиме тоа и да ги поттикнеме американските инвестиции овде.

Во однос на прашањето за нафтоводот со „Хеленик петролеум“, рече дека овие дискусии напредуваат, наведувајќи дека колку што е запознат грчката страна е посветена и оти сакаат да дадат поддршка на тие разговори.

„Оддаваме признанеие за партнерството и заложбата кон трансатланскиот сојуз и ви честитам на напорите што ја развивате. Вашата земја што се заснова на темелните принципи на транспарентност и праведност“, потенцира Фанон на прес-конференцијата по средбата со премиерот Заев.