„Фајзер“ ја очекува вистинската заработка по пандемијата
Неодамнешните коментари на финансискиот директор на „Фајзер“ укажуваат на можноста компанијата да ја претвори вакцината за Ковид-19 во долготраен нов бизнис модел.
Неговите предвидувања вклучуваат драстично зголемување на цените на вакцините против корона вирусот кои би се примале секоја година.
Додека во тек е масовна вакцинација против корона вируспот и крајот на пандемијата се наѕира, се поставува прашањето што после тоа? Фармацевтската компанија „Фајзер“, се чини, тогаш очекува голем прилив на пари.
На глобалната здравствена конфенција на „Барклис“ финансискиот директор на компанијата „Фајзер“ Френк ди Аамелио изложи план на компанијата за инвеститорите кој подразбира драстично повисока цена на вакцината против корона, штом владите престанат да бидат примарни купувачи на нивната вакцина, која заеднички ја произведоа со германската фирма „Бионтек“.
„Врз основа на се што видовме досега, веруваме дека се поверојатно е дека ќе има ревакцинација секоја година“, рече Ди Амелио, додавајќи дека најверојатно ќе се работи за една доза вакцина.
Тој наведе дека досега цените за вакцината ги диктирале потребите на државите да обезбедат доволно дози за вакцинирање на целокупната популација без некакви трошоци за граѓаните, пренесува „Спутник интернешнал“.
„Кога ќе излеземе од состојба на пандемија, ќе почнат да делуваат нормалните пазарни услови. А факторите како ефикасност, способност, клиничка корист, ќе станат многу важни, и мие гледаме дека тоа, сосема искрено, е значајна прилика за нашата вакцина од перспектива на побарувачка, од перспектива на одредување цена, со оглед на клиничкиот профил на нашата вакцина“, вели тој.
„Сметаме дека преоѓаме од пандемија во ендемија, тоа ни дава шанса“, додаде.
Кога болеста ќе стане ендемска, тоа значи дека е присутна и продолжува повремено да се шири на дел од популацијата. Тоа е како во случајот со грипот, за кој често се препорачува вакцинација на годишно ниво.
Минатиот месец, Ди Амелио им рече на аналитичарите од Волстрит дека „Фајзер“ во моментот ја продава вакцината за 19,5 долари по доза, но дека тоа не е нормална цена која вообичаено се добива за вакцина, а која изнесува 150, 175 долари по доза.
„Кога ќе се оддалечиме од пандемиските цени, ситуацијата во која се наоѓаме во моментот, добиваме многу повисока цена“, додаде.
„Фајзер“ минатата година оствари приход од 15 милијарди долари само на производи поврзани со Ковид-19 .