„Фајзер“ и вакцината против грип ќе ја прави со мРНА технологија


Американската фармацевтска компанија „Фајзер“ објави во понеделникот дека започнала клиничко испитување во чиишто рамки ќе тестира вакцина против грипот корестејќи ја истата нова технологија на известувачка рибонуклеинска киселина (mRNK) која првпат беше употребена во вакцината кој ја создаде заедно со германската биотехнолошка компанија „Бионтек“ против корона вирусот.

Научниците во светот воопшто се обидуваат да ја подобрат сегашната генерација вакцини против грипот, чијашто ефикасност се движи меѓу 40 и 60 отсто во борбата против болеста која може да предизвика и до 650.000 смртни случаи годишно во светот.

„Пандемијата на Ковид-19 нѝ овозможи да ги примениме големите научни потенцијали на технологијата mRNK. Грипот е и натаму област во медицината во којашто гледаме потреба за унапредување на вакцините, што би можело да ја подобри нивната ефикасност без оглед на сезоната, а веруваме дека mRNK е идеална технологија за спроведување на вакциот предизвик“, изјави Кетрин Јансен, шеф на истражувачкиот оддел во „Pfizer“.

Во рамките на раната фаза од клиничката студија ќе бидат ангажирани повеќе од 600 Американци на возраст од 65 до 85 години, стои на интернет страницата на компанијата на кој се објвени податоците од истражувањето.

Конкретно, стручњаците во Pfizer“ сакаат да ја споредат безбедноста и нивото на имуносната реакција на организмот на вакцина на база на mRNK за новонастанатите рекомбинирани вируси на грипот во различни количества во однос на досегашната лиценцирана вакцина за четирикратно рекомбинираниот вирус.

Вообичаените сезонски вакцини против грип воопшто настануваат со одгледување на вирусот во кокошкини јајца или во клетки на цицачи. Вирусите се инактивираат и обработуваат за да се претворат во вакцина. Тој процес е исполнет со предизвици, а еден од нив е производството вакцини кои предизвикуваат силен одговор и следење на промените во вирусите. Кога станува збор за вакцината за следната сезона на грип, стручњаците мора да го предвидат најдоброто совпаѓање шест месеци однапред.

Според стручњаците во „Фајзер“ предноста на технологијата на mRNK се состои во тоа што ѝ е потребен само генетскиот след на вирусот или негов одреден дел, што наводно овозможува побрзо и пофлексибилно производство на вакцините. Известителната рибинуклеанска киселина е обложена со липидни наночестички со помош на коишто навлегува во клетките, а тие спречуваат нивно разградување.

Научниците во „Фајзер“ работата на вакцината против грипот врз основа на mRNK ја започнале уште во 2018 година во соработка со германскиот партнер „Бионтек“. Во иднина американската компанија планира да истражи развој вакцини врз основа на mRNK и за справувањето со другите респираторни вируси, но и ракот и генетските заболувања.

И во „Модерна“, другата американска фармацевтска компанија којашто пласираше вакцина против коронавирусот на база на технологијата mRNK, работат на развој на вакцина на остата технологија и за грипот и против респираторниот синцициски вирус (RSV). Станува збор за вирус кој често предизвикува инфекции на дишниот систем, а тие вообиено се проследени со симптоми на инфекција на горните делови од рестпираторниот тракт слични на настинка. Но и овој вирус може да предизвика и инфекција на долните делови на дишниот систем, како што се бронхиолитис и воспаление на белите дробови.