(Фото)Далмација отсечена од остатокот од Хрватска


 

Снегот во Хрватска предизвика потполн колапс во сообраќајот и ја отсече Далмација од остатокот од Хрватска, јавува Индекс.хр.

 

Од 14.30 денеска, поради огромни количини снег и силен ветар, нема слободен патен правец ни за една група возила од насока на Далмација кон внатрешноста, јавија од Хрвастки патишта.

Иако камиони – чистачи постојано се на патиштата, наносите од снег веднаш ги прекриваат исчистените делови.

Поради тоа отворени се прифатни центри во Грачац, Госпиќ, Обровац и Книн. На терен се спасувачи од Хрватската горска служба за спасување кои ги извлекуваат заглавените во снегот.

И покрај забраната за возење по патиштата кон Далмација, сепак 25 возила ја игнорирале и тргнале на пат. Останале заглавени во снегот и чекаат помош.

Во прифаниот центар во Госпиќ има повеќе од 50 луѓе, на ки им се дава чај, сенвичи, вода, а има обезбедено и туш-кабини.

Дел од прифатните центри можат да примат и по 100 луѓе, но сите јавуваат дека се преполни. Дел од луѓето до таму морале да пешачат низ висок снег, кој се уште вее.

Н автопатот А1 од Загреб до Сплит има засотј, а дува ветар со брзина од 150 км/час. На коловозот има половина метар снег, а тој нема да се намали до утре наутро.