Евровизија 2023: Србија и Хрватска се пласираа во финалето


Вечерва започна најголемиот музички натпревар „Евровизија“, а во првата полуфинална вечер пред публиката се претставија 15 земји, меѓу кои и претставниците на Хрватска и на Србија.

Лук Блек настапи со песната „Само ми се спава“, додека хрватските претставници „Лет 3“ со песната „Шч“, шокираа со својот настап со ракети и униформи. 

Во ова полуфинале 15 земји се изборија за пласман во финалето кое е закажано за в сабота. Пет земји не поминаа понатаму.

По ревијалниот дел, презентерите најавија дека во финалето од првото полуфинале ќе одат следните земји: Хрватска, Молдавија, Швајцарија, Финска, Чешка, Израел, Португалија, Шведска, Србија и Норвешка.

Земјите кои не се пласираа во финалето се: Малта, Летонија, Ирска, Азербејџан и Холандија.

Во ревијалниот дел настапи Рита Ора, големата британска ѕвезда по потекло од Приштина.

Играчите, сценските ефекти, нејзиното пеење – се беше на висина на задачата, а публиката цело време ја следеше пеејќи и аплаудирајќи.