Евростат: Италија има најголем процент на лекари над 65 години во ЕУ
Италија има најголем процент на постари лекари од сите земји на ЕУ, со просечна возраст од 65 или повеќе години, а нивниот удел во вкупниот број медицински персонал е 26,7%, покажуваат податоците на европската статистичка агенција Евростат.
На второ место е Унгарија со 22,4% постари лекари, а трета е Естонија со 22,3%, пренесува агенцијата „Анса“.
Германија има најголем процент на лекари на возраст меѓу 55 и 64 години (36,1%), потоа Бугарија со 33,9% и Латвија со 27,4%.
Највисок процент на млади лекари има Малта со 46%, потоа Романија (34,6%) и Холандија (29,7%).
На европско ниво процентот на лекари на возраст од 55 години или повеќе е 40%, соопшти Евростат.