Евросонг : Тамара горда на сценскиот настап


Тамара во смарагдно зелена драматична тоалета пее, а во позадина, на осум огледала како холограми и ја гледаме позадината на тоалетата, дизајн на македонскиот креатор Александар Ношпал кој ја придружува во Тел Авив.

Нашата евровизиска претставничка е горда на сценскиот настап кој има динамична кореографија, подготвен со тим од Шведска.

На првата проба во „Експо Тел Авив“  која поминала одлично, има и сцена на Тамара во мрак, што уште повеќе со моќната балада и глас, ги зголемува шансите на нашата поп-ѕвезда за влез во финалето, на 18 мај, по настапот на второто полуфинале на 16 мај, како 17.

Нашата евровизиска претставничка ќе има уште две проби со песната „Proud“ , а пред полуфиналето во Тел Авив ќе биде организирана и македонска вечер.

Поп-ѕвездата изгледа светски во тоалетата која е комбинација на сатен и црн тул. Тамара на црвениот односно портокаловиот ќилим, на свеченото отварање на 12 мај ќе блесне во црна тоалета, исто така, на дизајнерот Ношпал.

Aвтори на евровизиската песна „Горда“ на англиски јазик се Роберт Билбилов, Дарко Димитров и Лазар Цветкоски, а стиховите се дело на писателот Коста Петров, кои се дел од евровизискиот тим во Израел.

Ова ќе биде четврто учество за Тамара на овој престижен фестивал, но прво како солист.

На Евровизија таа првпат беше како придружен вокал на Тоше Проески, во 2004 година во Истанбул, потоа со Адријан Гаџа и со Врчак во Белград 2008 година ја претставуваше Македонија со песната „Let me love you“, но не се пласира во финалето. Како придружен вокал на Тијана, таа беше и на евровизискиот натпревар во 2014 година во Копенхаген.

Последниот македонски претставник што избори пласман на евровизиско финале беше Калиопи во 2012 година.

Логото на годинашниот евровизиски избор е „Осмели се да сонуваш“.

  1. издание ќе има 41 учесник. Бугарија се откажа заради финансии, а потоа и Украина.

Во првото полуфинале на 14 мај ќе настап 17 земји, кои заедно со Франција, израел и Шпанија ќе можат да гласаат во ова полуфинале. Во второт полуфинале, на 16 мај, каде сме и ние , (17. по ред) ќе учествуваат 18 земји, кои заедно со Германија, Италија и Велика Британија ќе можат да гласаат во ова полуфинале. Во финалето, на 18 мај, 26 земји ќе настапат, а ќе можат да гласаат сите 41. (Л.С.)

Фото: Eurovision