Евросонг свечено отворен: Тамара на портокаловиот килим


Израел-  Интересни тоалети и костуми, впечатливи фризури и драматична шминка – претставниците  на Евровизија 2019 се појавија на портокаловиот тепих во гламурозни изданија, на свеченото отварање на 64. издание на престижниот музички настан.

Нашата евровизиска претставничка а нејзиниот Инстаграм објави селфи од неа и дел од тимот.

Тамара, облечена во црно гламурозно здолниште во комбинација со црно сако-дизајн на Александар Ношпал, фатена коса и црни очила за сонце, објави дека е подготвена за полуфиналето на 16 мај .

Традиционално, земјата домаќин организира голема свеченост за да им посака добредојде на сите изведувачи, делегации, новинарски екипи и на фановите на музичкиот натпревар.

Свечената церемонија за добредојде се одржува на плоштадот Хабима во Тел Авив, каде што учесниците се пречекани од градоначалникот и останатите организатори.

Утре е првото полуфинале со настап на 17 земји, кои заедно со Франција, Израел и Шпанија ќе можат да гласаат во ова полуфинале.

Во второто полуфинале, в четврток, на 16 мај, каде сме и ние , (17. по ред) ќе учествуваат 18 земји, кои заедно со Германија, Италија и Велика Британија ќе можат да гласаат во ова полуфинале. Во финалето, на 18 мај, 26 земји ќе настапат, а ќе можат да гласаат сите 41.

Логото на годинашниот евровизиски избор е „Осмели се да сонуваш“.

  1. издание ќе има 41 учесник. Бугарија се откажа заради финансии, а потоа и Украина.

Aвтори на евровизиската песна „Горда“ на англиски јазик се Роберт Билбилов, Дарко Димитров и Лазар Цветкоски, а стиховите се дело на писателот Коста Петров, кои се дел од евровизискиот тим во Израел.

Ова ќе биде четврто учество за Тамара на овој престижен фестивал, но прво како солист.

На Евровизија таа првпат беше како придружен вокал на Тоше Проески, во 2004 година во Истанбул, потоа со Адријан Гаџа и со Врчак во Белград 2008 година ја претставуваше Македонија со песната „Let me love you“, но не се пласира во финалето. Како придружен вокал на Тијана, таа беше и на евровизискиот натпревар во 2014 година во Копенхаген.

Последниот македонски претставник што избори пласман на евровизиско финале беше Калиопи во 2012 година.