Европско економско чудо: Како просечната плата во Литванија од 357 порасна на 932 евра


Литванија успеа да направи пресврт, и од слаба да изгради силна и стабилна економија, што придонесе за подобар живот за сите свои граѓани.

Во 2004 година таа стана членка на Европската Унија и потписник на Шенгенскиот договор, и со тоа започна нејзиниот економски развој. Во тоа успеа благодарение на неколку клучни реформи, но секако тоа не беше лесно.

Пред пристапувањето на Литванија во ЕУ, особено во првата деценија на спроведување на законот за конкуренција во земјата, политиката на конкурентност се фокусираше на контрола на цените и цените утврдени од доминантните компании.

„Првата декада од 90-тите беше обележана со висока инфлација, бавен економски раст и слаба конкуренција“, вели Шарунас Кесераускас, претседател на Советот за конкурентност на Република Литванија.

За време на разговорите за приклучување, кои претходеа пред влезот во ЕУ, истакнувани се прашањата како либерализација на пазарот, укинување на непотребните владини прописи, отворање на пазарот и подобрување конкуренцијата.

– Пристапувањето во ЕУ ги зголеми можностите за економски раст на земјата, а условите за економска поддршка и расположливи средства придонесоа за осигурување поголеми можности за извоз и увоз, што го поттикна економскиот развој и ја зголеми конкуренцијата во земјата – вели Касераускас за Б92.

Влезот во ЕУ го почувствувал секој граѓанин на Литванија и сите промени што стигнале во земјата го олесниле секојдневниот живот. Од пристапувањето во Унијата на 1 мај 2004 година, земјата добила 15 милијарди евра финансиска помош, која е искористена за развој на инфраструктурата, засилување на конкуренцијата и намалување на регионалните и социјалните разлики.

„Пристапувањето во ЕУ значително ги зголеми можностите за економски развој на земјата, како и условите за економска поддршка и расположливите ресурси, и тоа обезбеди поголеми шанси за извоз и увоз, што го засили економскиот развој и ја зголеми конкуренцијата во земјата“, рече тој за Б92.

Покрај тоа, дискусиите за пристапување, исто така, придонесоа да се формира независен орган за поттикнување на конкурентноста. Ова конечно резултираше со формирање независен орган за конкурентност во 1999 година.

„Во исто време, законот за конкуренција е изменет и во согласност со законски стекнатите национални стандарди. Ова имаше двоен ефект: прво, хармонизацијата ја олеснува примената на законот за конкуренција, затоа што европските правила за конкуренција станаа директно применливи во земјата, а во нашата пракса можеме да се потпреме на многубројни европски случаи и судски решенија, и второ, со пристапување кон ЕУ бевме во можност да учествуваме на состаноци и работни групи на ЕУ за конкуренција и размена на искуства, што ја направи нашата работа уште поефикасна“, вели Шарунас.

Пред пристапувањето, БДП на Литванија беше 46% од просекот на ЕУ. Тој се зголеми за 62 проценти во 2011 година, наспроти 72 проценти во 2014 година и 78% во 2017 година“, вели тој.

Истражувањето на Евробарометар спроведено во 2019 година, исто така, потврди дека 91 процент од Литванците веруваат дека членството во ЕУ им донело многу позитивни промени во земјата.

„Покрај тоа, стапката на невработеност се намали од 11 проценти во 2004 година на 6,2 проценти во 2018 година, додека просечната плата се искачи од 357 на 932 евра. Иако цените на производите и услугите се зголемени за повеќе од 50 проценти во последните 15 години. Ова покажува дека куповната моќ и финансискиот капацитет на скоро сите литвански граѓани се зголемуваат со текот на времето“, вали Кесераускас.

Постојат многубројни придобивки од членството во ЕУ кои станаа очигледни во секојдневниот живот, додава тој.