Европскиот парламент го одобри новиот Еразмус+ вреден 28 милијарди евра
Европскиот парламент на отворена пленартна седница оваа недела ја одобри новата програма на Еразмус+ која од 2021 до 2027 година треба да вклучи поширок круг учесници и на располагање ќе има 28 милијарди евра, двојно повеќе од претходно.
Програмата Еразмус+ на ЕУ е за поддршка на образованието, оспособување на младите и спорт во Европа која започна во 1987 година, а од 2014 година можност за учество имаат и учителите, приправниците и волонтерите.
Во новата фаза до 2027 година програмата треба да вклучи уште повеќе граѓани, вклучително и луѓе со помали можности, оние кои живеат на оддалечени подрачја, но и лица во зрело доба, како и повеќе лица во неповолна положба на моќ да учествуваат и да имаат корист од јазично оспособување, административна поддршка, мобилност или е-учење.
За здрав начин на живот и доживотно учење
Во последните 30 години во програмата Еразмус+ учествувале повеќе од 9 милиони луше, а се очекува во новата фаза да се вклучат и до 12 милиони. Програмата во моментот покрива 33 земји, 27 земји членки на ЕУ, Македонија, Турција, Србија, Норвешка, Исланд и Лихтенштајн, а отворена е и за партнерски земји низ целиот свет.
Во согласност со приоритетите на ЕУ, програмата Еразмус+ насочена е на дигитална и зелена транзиција и ќе промовира здрав начин на живот и целоживотно учење за возрасни.
Во повеќегодишната финансиска рамка на ЕУ за Еразмус+ нанети се повеќе од 28 милијарди евра од различни извори, додека во претходниот седумгодишен период за оваа програма беа издвоени 14,7 милијарди евра.