Европа е под закана поради топлотен бран


Голем бран жештина се шири во Западна Европа. Властите ги предупредија децата, пензионерите и луѓето со хронични болести да се подготват за неподносливи жештини, објави весникот Гардијан.

Температурите ќе достигнат или ќе надминат 40 степени во голем регион – од Шпанија до Швајцарија поради комбинација од неподвижен циклон над Атлантскиот Океан и висок атмосферски притисок во Централна Европа. Во комбинација со висока влажност, на некои места субјективното чувство за температурата ќе биде како 47 степени, предупредуваат метеоролозите.

Во Шпанија, тие прогнозираат 42 степена во сенка в четврток во најмалку четири провинции. Објавена е тревога за зголемен ризик од шумски пожари.

Во Франција општините подготват простории со клима уреди дури во текот на ноќта, за да можат луѓето да се спасат од жештини. Во понеделникот во Париз беше 34 степени, со предвидувања температурата да се искачи и да остане толку жешко во поголемиот дел од седмицата.

Емануел Демел од Метео-Франс тврди дека топлотниот бран е многу невообичаен, бидејќи доаѓа многу рано. Според податоците на синоптичарите, таква појава во Франција немало од 1947 година. Франција одложи испити во училишта за следната недела, а добротворни организации почнуваат да разнесуваат шишиња со минерална вода на бездомници.
Ситуацијата наликува на најголемата топлотен бран во Франција од август 2003 година, кога од високите температури починаа 15 000 лица, а болниците не успеаја да ги прифатат сите кои имаа потреба.

Во Италија, исто така, ќе бидат погодени од топлотниот бран. Синоптичари најавуваат „најинтензивен топол бран со децении”.

Максималните температури помеѓу 37 и 40 степени ги очекуваат Рим, Фиренца, Болоња, Милано и Торино. Неколку италијански градови очекуваат да регистрираат рекорди во јуни. Властите во Рим предупредија на закана за здравјето поради сметот по улиците бидејќи има  проблеми со отстранувањето на отпадот.  Осум туристи беа казнети со 450 евра заради капење во фонтаните на градот.

Германија, исто така, ќе биде погодена од топлотниот бран. Синоптичари најавуваат дека рекордот за јуни во Франкфурт од 38,2 степени, поставен во 1947 година, ќе се надмине. Најверојатно ова ќе биде во средината на неделата, со прогноза – 100 сончеви часови пред петок. Не е исклучено во Франкфурт да се регистрираат 40 степени, а прогнозата за Берлин е до 37 степени Целзиусови.