Евроамбасадорот Гир ја честита победата на Сиљановска-Давкова


Амбасадор на Европската Унија во Република Северна Македонија Дејвид Гир, утрово на Х и ја честиташе победата на Гордана Сиљановска-Давкова на вчерашните претседателски избори.

– Честитки до Гордана Силјановска-Давкова за нејзиниот избор за претседателка на Северна Македонија. Очекувам тесна соработка со неа за европската иднина на земјата, напиша Гор на Х.

Според последните резултати објавени на сајтот на ДИК, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска – Давкова освоила 560.170 гласови (65,14%), а нејзиниот противкандидат Сево Пендаровски од СДСМ 251.541 (29,25%).