Еве кој ќе ја наследи Сара Бартон во „Александар Меквин“

Лондон- Модната куќа Александар Меквин го објави дизајнерот кој ќе ја наследи Сара Бартон откако таа ја напушти споменатата модна куќа минатата недела, по две децении како креативе директор. Британскиот луксузен бренд објави дека ирскиот дизајнер Seán McGirr ќе ја наследи Бартон. Претседателот и извршен директор на компанијата, Џанфилипо Теста, рече дека е возбуден што го има McGirr на чело на брендот познат по својата креативност и наследство, додавајќи дека неговото искуство, личност и креативна енергија ќе донесат силен креативен јазик на брендот.
Претседателот и извршен директор на Керинг, матичната компанија на Меквин, Франсоа-Анри Пино, рече дека се уверени дека Шон МекГир ќе може да го продолжи своето патување со нов креативен момент.
„Со нетрпение очекуваме да го отвориме ова ново поглавје во историјата на овој уникатен бренд“, рече Пино.

Мекгир дипломирал дизајн во Лондон во 2014 година. Тој беше дизајнер на женска облека за куќата на Дрис Ван Нотен и женска колекција готови за носење за Џ.В. Андерсон. Неговата кариера напредуваше кога беше дел од креативните канцеларии на Uniqlo во Токио и Париз од 2014 до 2018 година работејќи на машките колекции на Кристофер Лемер и линијата U на Uniqlo.
Сара Бартон се приклучи на модната куќа Александар Меквин во 1997 година, а е позната по дизајнирањето на венчаницата на принцезата Кејт. Набргу потоа, таа беше прогласена за витез во Орденот на Британската империја и освои бројни модни награди низ годините. По смртта на Александар Меквин во 2010 година, таа ја презеде улогата на креативен директор на брендот, а на почетокот на оваа година беше објавено дека колекцијата пролет/лето 2024 ќе и биде последна. (Харперс Базар)