Еве како Русија се справува со невакцинираните: Мора да се пријават за да одат на прошетка


Станува збор за област во Сибир, Канти-Манси.
Автономниот округ Канти-Манси во Сибир стана првиот регион во Русија што воведе самоизолација за невакцинираните жители. Станува збор за регион оддалечен 2.700 километри од Москва, а рестрикциите во четири општини во овој округ беа воведени во понеделникот и ќе важат до 5 декември како мерка за борба против четвртиот и најсмртоносниот бран на короната во Русија.

Официјалните лица во Канти-Манси, сепак, им овозможија на невакцинираните да аплицираат преку интернет за да излезат од самоизолација надвор во препорачаното време.

Системот функционира така што невакцинираните имаат еден час, да речеме, да го шетаат кучето, два часа да одат во аптека и четири часа, на пример, да одат на погреб.

Регионалниот кризен штаб исто така забрани културни и спортски настани и нареди сите ресторани кои не нудат храна за носење да бидат затворени од 22 до 06 часот од 22 ноември до 5 декември.

Инаку, Татарстан стана првата руска провинција која воведе QR код за картите за јавен превоз, што доведе до долги одложувања, апсења, но и хоспитализација на кондуктери во автобусите.
Најновите регионални мерки за зголемување на вакцинацијата доаѓаат во време кога руските пратеници се тркаат за воведување пасоши за вакцини за јавен превоз, ресторани и продавници кои не се неопходни за живот со цел да се борат со длабоко вкоренетиот сомнеж за вакцините.

Се очекува рускиот парламент да го усвои QR кодот на препораката, кој ќе стапи на сила на 1 февруари и ќе трае до 1 јуни 2022 година.