Евакуирани десетици училишта низ Хрватска. Сите добиле исламистички закани за бомби
По утринската информација дека во десетина училишта во Загреб стигнати се дојави за поставени бомби, учениците беа евакуирани и пуштени дома. Подоцна, дојави за бомби на електронските пошти добиле директорите на училиштата во речиси сите хрватски градови како Дубровник, Сплит, Риека, Задар, Шибеник, Чаковец, Пожега и други.
„Чисто сеење на паника“
Безбедносни и сајбер експерти со кои разговарале хрватските медиуми тврдат дека сторителот или неколку од нив најверојатно по случаен избор ги одбрале адресите на електронската пошта на училиштата на кои е испратена пораката со закана за бомба. Тие се согласуваат дека ова е чисто панично сеење, кое, според нив, за жал може да ги поттикне и другите деца да прават слични глупости. Според правилата, ниту една пријава за бомба не треба да се сфаќа лесно, но мора да се изврши антиексплозивна инспекција за да се потврди дали навистина била поставена експлозивна направа или не.
Во моментот хрватска полиција едно по едно ги проверува сите училишта, а како завршува проверката јавуваат дека дојавите биле лажни.
Вакви дојави државите од регионот добиваат неколку години наназад. Поминува период на секојдневни дојави, па има затишје и повторно почнуваат. И Македонија не беше изземена од ова. Училиштата, особено оние во Скопје, со месеци беа речиси секојдневно евакуирани, а децата губеа настава. Сите дојави беа лажни, а на нив се „залепија“ и некои ученици, па пратија заканувачки пораки, по што полицијата им тропна на врата.