ЕУ таксата за мали пакети предизвика пад на увозот за 30 до 40 отсто
Воведувањето такса на Европската унија за мали пакети од 1 јули, особено оние од Кина, доведе до пад на увозот во унијата за 30 до 40 проценти, објави денеска француското Министерство за економија, повикувајќи се на податоци од француската царина.
„Ништо не е невозможно кога се соочуваме со Кина“, рече францускиот министер за економија Ролан Лескир.
Тој ги поздрави ефектите од тој данок, кој ги таргетира главните азиски платформи за онлајн продажба, Тему. Алиекспрес, Шеин.
Дополнителниот данок претходно воведен од Франција немаше очекуван ефект, но данокот воведен од ЕУ од 1 јули се покажа како ефикасен, наведува францускиот весник.