ЕУ одобри уште 1,2 милијарди евра за инфраструктурата на Западен Балкан
Европската унија одобри уште 1,2 милијарди евра преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (ВБИФ) за подобрување на железничката инфраструктура и управувањето со водите во регионот, објавија N1 и БТА.
Сумата е главно наменета за модернизација на железницата со цел да се зголеми брзината на возовите во Србија и за управување со водите и изградба на потребната инфраструктура во Босна и Херцеговина и Црна Гора, според веб-страницата на Инвестициската рамка за Западен Балкан.
Досега, ЕУ одобри програми во вредност од 17,5 милијарди евра за Западен Балкан според Економскиот и инвестицискиот план, вклучително и 5,4 милијарди евра грантови.
Оваа година иницијативата ќе поддржи вкупно осум проекти во водоснабдување, канализација и третман на отпадни води, железнички транспорт, вклучително и зелена трансформација на малите и средни претпријатија.