ЕУ ги усогласи критериумите за обележување региони погодени од Ковид-19
Во ЕУ денеска ги усогласија критериумите за обележување на регионите според бројот на коронавирус инфекции на 100.000 жители и процентот на позитивни меѓу тестирани, со цел да се олесни движењето на луѓето во пандемијата.
Постигнат е договор за тоа кои региони ќе се означат за зелена, портокалова или црвена зона, според заеднички критериуми. Областите за кои нема доволно податоци ќе бидат обележани со сива боја.
Тоа треба да помогне да се стави крај на сегашната хаотична ситуација во која е многу тешко да се справат затоа што различни земји различно ги дефинираат зоните.Договорените упатства треба да бидат потврдени следната недела на министерско ниво.
Боите ќе се одредуваат според ажурираните податоци објавени неделно од Европскиот центар за контрола и превенција на болести.
Региони со помалку од 25 заразени на сто илјади жители за 14 дена и каде процентот на позитивно на тестирање е под четири проценти ќе биде обележан со зелена боја.
Црвената зона значи дека има 50 или повеќе заразени на 100.000 жители и повеќе од четири проценти позитивни за Ковид-19 при тестирање.
Портокаловата боја ќе означи области каде што бројот на заразени на 100.000 жители е помал од 50 и позитивната стапка на тестот е четири или повеќе проценти, или ако бројот на заразени варира помеѓу 25 и 150 случаи, но позитивната стапка на тестот е под четири проценти.
Земја-членка што предвидува воведување рестриктивни мерки на патниците кои доаѓаат или патуваат во некоја област ќе треба да ја извести таа земја најмалку 48 часа пред стапувањето во сила на новата мерка.