ЕУ бара итен прекин на воените активности во Нагорно Карабах
ЕУ повика на итен прекин на воените активности и безусловно враќање на преговорите во Нагорно Карабах.
Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел нагласи дека последните извештаи од зоната на конфликтот во Нагорно Карабах се „сериозно загрижувачки“.
„Воената акција мора да биде запрена итно, со цел да се избегне понатамошна ескалација. Итно и безусловно враќање на преговорите е единствен начин за напред“, порача Мишел.