Ерос Рамацоти со порака: Заштитете ја природата од пластика


Италијанскиот пејач Ерос Рамацоти вечерва одржува кoнцерт во Скопје во А1 арената во организација на Авалон продукција.

Тој се појави на сцена облечен во црна маица и црни фармерки и ја стартуваше романтичната музичка вечер со песни од последниот албум “Vita ce ne”. Иако скромен во комуникацијата со публика, Рамацоти уште во првиот дел од концертот испрати силна порака.
Она што во моментов најмногу го загрижува светот е заштитата на природата. Преку едноминутно видео на бимовите се прикажуваа депонии од пластика и загадувањето во океаните. На крајот пораката беше јасна ” Заедно можеме да се заштитиме”. Концертот на Рамацоти е се уште во тек. И.Н.