Ерменија или Азербејџан: Кој е поподготвен за војна – едната страна има многу повеќе војници


Сите параметри на воена способност и опременост покажувата дека Азербејџан е поподготвен за војната со Ерменија која изби поради областа Нагорно Карабах.

Ова го покажуваат податоците на страницата globalfirepower.

Што се однесува на војската, Ерменија има 1.696.085 подготвени војници, додека Азербејџан располага со дури 5.042.346 достапни војници.

Активен воен персонал Ерменија има 45.000, а во резерва 200.000, додека Азербејџан има 126.000 активни припадници и 300.000 во резерва.

Буџетите на двете армии покажуваат неразмерност, па така Ерменија има 1.385.000.000 американски долари, а Азербејџан располага со армиски буџет од 2.805.000.000 долари.

Азербејџан има и повеќе авиони, 147, и 88 хеликоптери, додека Ерменија 64 авиони и 37 хеликоптери.

Борбени тенкови Ерменија има 110, а Азербејџан 570.

Судирите избија утрово меѓу ерменските и азербејџанските сили околу Нагорно Карабах, област каде мнозинството се Ерменци, а се отцепи од Азербејџан во 90-тите години на минатиот век.

Регионот Нагорно Карабах денеска соопшти дека во утринските судири со силите на Азербејџан загинале 16 војници и дека се ранети повеќе од 100.

Претставник на министерството за одбрана на Ерменија, Аркрун Ованисјан изјави дека Азербејџанците имале 200 жртви, а на ерменска страна 17 убиени и 100 ранети.

Според него, судирите продолжуваат на север и на југ од територијата.

И Ерменија и Азербејџан прогласија воена состојба.