Ердоган ги смени вицегувернерите на Централната банка

Турција – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска смени тројца членови на Одборот за монетарна политика на Централната банка и на нивно место назначи двајца нови членови, по што националната валута – лирата достигна рекордно најниско ниво.

 
Како што пренесуваат турските медиуми, сменети се замениците гувернери Семих Туменанд и Угур Намик Кучук, заедно со друг член на Банката, Абдула Јавас, а Ердоган го назначил Таху Чакмак за заменик гувернер и Јусуф Тун за член на Централната банка.
 

По објавувањето, лирата падна на рекордно ниско ниво од 9.1900 во однос на доларот, што е загуба од 1 отсто тој ден, а досега таа ослабе за околу 19 отсто во текот на оваа година.

 

До промена на членовите дојде откако претседателството во средата вечерта објави дека Ердоган се сретнал со гувернерот на Централната банка Сахап Кавчиоглу.