„Ерас“ на Тејлор Свифт го маѓепса и Скопје – како поп музиката една вечер го победи фолкот

Снимен на мамутскиот стадион SoFi во Лос Анџелес, во август, во текот на три ноќи ,  кино искуството ја носи публиката  поблиску отколку што би дозволиле дури и најдобрите седишта


Скопје не е само политика, интерес, подли игри, муабети со навредлив тон, со смрад на ѓубре на секој чекор или моќни луѓе во фолк транс, има понекои светли точки, кои не се само спомени на едно убаво време или драги луѓе кои веќе ги нема или исчезнале од вашата околина. 

Синоќа, во Синеплекс, тоа беше концертниот филм „Ерас“ на Тејлор Свифт, (според нејзината турнеја) која руши рекорди по продадени концерти и освоени награди, изгледа прекрасно и звучи прекрасно. Се прикажува во 100 земји во светот, и е спој на сите нејзини албуми, кои се правени во период од 17 години, низ музичкиот каталог на поп-ѕвездата, трае скоро три часа. Сет листата  содржи многу од најголемите хитови на Свифт – вклучувајќи ги Love Story, Shake It Off, All Too Well, 22 и Anti-Hero – плус две акустични „изненадувачки песни“ од нејзиниот заден албум.

Отидов од љубопитство, не сум нејзин фан, а излегов од концертот препородена и вчудоневидена од нејзината магија за која во Америка не може да се дојде до билет, ниту лично ниту витуелно, ниту за оние во Англија , наредното лето. Просечниот билет за концерт на Тејлор Свифт чини 254 долари. Во Синеплекс билетот чини 500 денари. 

Снимен на мамутскиот стадион SoFi во Лос Анџелес, во август, во текот на три ноќи ,  кино искуството ја носи публиката  поблиску отколку што би дозволиле дури и најдобрите седишта. Посебно е радосно да се гледаат танчерите одблиску, чии мелодраматични изрази на лицето за време на „Човекот“ и прекрасната техника во изведбите на дуото „Љубовник“ се целосно прикажани овде. 

Публиката во Скопје, од разни генерации, ама тинејџерите од женски и машки род, дотерани или спортски, најмногубројни, кои пред и после си ги разменуваа friendship bracelets. Скокаат, врескаат, пеат, наизуст ги знаат сите песни на ѕвездата. Песните, кои не се типичен поп, очигледно освојуваат со текстовите во кои фановите се препознаваат. А Тејлор, гази по сцената самоуверено, со шминка која не и мрда од лицето, без да покаже знаци на умор, свири гитара и пијано, мудро се обраќа кон публиката, не е здодевна, всушност е многу мила, харизматична и професионална. Претставувајќи различни епохи во нејзината кариера, гардеробата се состоеше од парчиња од Роберто Кавали, Оскар Де Ла Рента, Кристијан Лубутан, Алберта Ферети, Версаче и Зухаир Мурад.

Концертот, е култоролошки феномен кој мора да се види , не како љубител на музика, туку едноставно како човек заинтересиран за тоа каква харизма може да маѓепса стадион од 70.000 луѓе. Настрана извонредните сценски иновации – виртуелните змии кои изгледаат како да ја пригушуваат сцената; моментот кога Тејлор се чини дека плива по гангвејот – овој филм е рекорд на изведувач на врвен талент кој се капе во нивниот момент. Бев хипнотизирана и се најдов себеси како размислувам дека животот се случува сега, особено во Скопје. 

Филмот е во режија на Сем Вренч, кој претходно има работено со Били Ајлиш, Лизо и Блур.

Свифт го опиша филмот на Вренч како „совршено доловување на тоа како беше ова шоу за мене“.

Свифт ја гушка ќерката на Коби Брајант, Бјанка

Турнејата на Свифт која има 146 концерти го привлече глобалното внимание откако започна во март. На пат е да биде најпрофитабилната турнеја досега. 

Турнејата Тејлор Свифт: Ерас официјално беше отворена во кината во петок, 13 октомври. Веќе е во чекор да стане најпрофитабилниот концертен филм во историјата.