Епл достигна пазарна вредност од 3.000 милијарди долари


Компанијата Епл (Apple) стана првата компанија која достигна вредност од три билиони долари (3.000 милијарди) на берзата, за да го заврши денот малку под таа граница.

Инвеститорите очекуваат дека производителот на мобилни телефони „iPhone“ ќе продолжи да претставува атрактивни производи додека се шири на пазарите на автоматизирани автомобили и виртуелна реалност.

Во текот на првиот ден од тргувањето во 2022 година, индивидуалната акција на компанијата од Силиконската долина достигна вредност од 182,88 долари, со што вредноста на целата компанија се искачи на над три билиони долари.
Подоцна цената на акцијата падна за 2,5 отсто, на 182,01 долар, па пазарниот капитал на Епл го заврши берзанскиот ден на 2,99 билиони долари.

Највредната светска компанија очекува дека потрошувачите ќе продолжат да купуваат „iPhone“, „Macbook“ и услуги како „Apple TV“ и „Apple Music“ оваа година.

Епл ја достигна границата од 2 билиони долари заедно со корпорацијата Мајкрософт, која сега има вредност од околу 2,5 билиони долари.

Alphabet, Amazon и Tesla ја минаа границата од 1 билион долари, а Саудиската нафтена корпорација вреди околу 1,9 билиони долари, според Refinitive.