Епидемиолог: Се наѕира крајот на епидемијата во Британија
Епидемиологот Нил Фергусон од јавниот истражувачки Империјал колеџ, тврди дека епидемијата во Велика Британија спласнува.
„Од завршување на епидемијата Велика Британија ја делат можеби неколку месеци затоа што вакцините драстично го намалија ризикот од хоспитализација и смрт“, вели Фергусон.
Премиерот Борис Џонсон верува дека една од најголемите економии во Европа може повторно да биде покрената со полна пареа по големиот процент вакцинирани, а неговата одлука претставува ново поглавје во глобалниот одгвоор на корона вирусот. Бројот новозаразени на дневна основа паѓа шести ден по ред, иако Џонсон постојано истакнува дека пандемијата уште не е готова.
Се верува дека кон крајот на септември најдолгиот дел од пандемијата ќе биде зад нив
„Уште не сме без опасност, но равенката темелно се измени“, вели Фергуосн. Според него, вакцинацијата во голема мерка ги намалила ризиците за болничко лекување и смрт.
„Верувам и сум оптимист дека кон крјот на септември, најдолгиот период ќе биде зад нас“, додаде тој.
Податоците покажуваат дека неодамнешниот пораст на заразата не резултираше со зголемен број смртни исходи, кој вчера падна на 14, иако бројот на ковид-пациенти во болниците порасна на 5.238.
За потсетување, премиерот Џонсон на 19 јули ги укина речиси сите рестриктивни мерки за да се забрза економското опоравување , а тој ден е наречен Ден на слободата. Ако неговата одлука се покаже добра, тоа би било начин за излез од пандемијата, но новата стратигија носи и ризици – може да се појави варијанта отпорна на вакцина или бројот на заболени може да го оптовари здравствениот состав.
Фергусон велид ека до октомври вирусот и понатаму ќе биде присутен, дека луѓето и понатаму ќе умираат поради Ковид-19, но дека главнината од пандемијата ќе биде зад нив. Британија е седма на светот по бројот на жртви од пандемијата но 87 отсто од возрасното население досега прими барем една доза вакцина, а повеќе од 68 отсто две дози.