Еминентната, скромна д-р Светлана Мојсов избрана за почесен професор на УКИМ
Проф. д-р Мојсов ќе ја посети родната Македонија идната година, како специјален гостин на Конгресот на Сојузот на хемичари и технолози на Македонија (СХТМ)

Професорката д-р Светлана Мојсов, една од најеминентните хемичарки во светот, е избрана за почесен професор (Professor honoris causa) на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Одлуката ја донесе Сенатот на УКИМ, по номинацијата од Природно-математичкиот факултет во Скопје, чиј интегриран дел е Институтот за хемија. Д-р Мосјов, заедно со д-р Џоел Хабенер и д-р Лоте Бјере Кнудсен, во изминатите две години добија многу светски научни награди за нивниот револуционерен придонес во развојот на пептидот 1 (GLP-1) сличен на глукагон со што го трансформираа третманот на дијабетес тип 2, помагајќи им на милиони луѓе ширум светот. Мојсов ќе ја посети родната Македонија идната година, како специјален гостин на Конгресот на Сојузот на хемичари и технолози на Македонија (СХТМ), пишува УМНО.мк
Светлана Мојсов е ќерка на Лазар Мојсов, дипломат и државник. Родена е во Скопје во 1947 година. Во родниот град го завршила основното и средното образование. Студии по физичка хемија завршила на Природно-математичкиот факултет во Белград. Се запишала на постдипломски студии на Универзитетот „Рокфелер“ во 1972 година, каде останала до денес.
Каков е нејзиниот удел во развојот на науката?
Иако биохемијата е наука со долга традиција, сепак посебен импулс има добиено кон средината на минатиот век, објаснува д-р Зоран Здравковски, професор во пензија на Институтот за хемија при ПМФ и претседател на СХТМ, заслужен за промоцијата на успесите на Мојсов во Македонија.
– Една од тие пресвртни точки е определувањето на тродимензионалната структура на деоксирибонуклеинската киселина со што е објаснета и нејзината репликација односно преносот на генетските информации. Со тоа почнува и ерата на молекуларната биологија и нов пристап во фармацијата и во медицината – објаснува Здравковски.
Целиот текст прочитајте го ОВДЕ