Елон Маск сега е побогат од Бил Гејтс и Ворен Бафет – заедно

Богатството на Елон Маск, благодарение на растот на вредноста на Tesla и SpaceX, расте незапирливо и се зголеми за повеќе од 66 милијарди долари оваа година.
Листата на милијардери на Блумберг открива дека денес има дури единаесет луѓе во светот кои тежат повеќе од 100 милијарди долари. На листата доминираат богатите од технолошкиот сектор, а во моментов првото место како најбогата личност во светот го држи Елон Маск. Од почетокот на пандемијата, неговото богатство расте брутално и, според најновите податоци на Блумберг, сега тежи неверојатни 236 милијарди долари, пренесува порталот Зимо.

Споредбата со двајца други ултра богати луѓе вредни повеќе од 100 милијарди долари – Ворен Бафет и Бил Гејтс – покажува колку се големи бројките. Имено, богатството на Елон Маск е поголемо од она кога ќе се собере богатството на Бафет и Гејтс. Бафет е на десеттото место на листата на богати и неговата вредност е 103 милијарди долари, додека Гејтс е на четвртото место и тежи 130 милијарди долари.

Второто место му припаѓа на големиот ривал на Маск, Џеф Безос (197 милијарди долари), додека Бернард Арно е на третото место со 164 милијарди долари. Тој и Бафет се единствените луѓе на листата на топ 10 милијардери кои не го стекнале богатството на технолошкиот пазар. И покрај сите проблеми со Фејсбук и милијардите што ги загуби (кратко), Марк Закерберг е на седмото место со 121 милијарди долари, пред основачите на Гугл. По нив следуваат Лари Елисон и Стив Балмер и, на десетто место, споменатиот Бафет.

Причината за големиот раст на богатството на Елон Маск оваа година за повеќе од 66 милијарди долари, лежи во одличните перформанси на Тесла, но и неодамнешната инвестиција во SpaceX според која вредноста на компаниите достигна 100 милијарди долари и само благодарение на таа инвестиција, богатството на Маск скокна за дополнителни 11 милијарди долари.