Елена Ристеска нападната во скопско кафуле


Поп пејачката Елена Ристеска завчера вечерта, во доцните часови – 2. и 30 минути по полноќ, во скопското трендовско кафуле Интермецо, била нападната со тврд предмет од женско лице.

Настанот е забележан во билтенот на МВР и моментно се преземаат мерки за расчистување на случајот поврзан со Ристеска и извесна Е.Т.

„Бев излезена со пријатели во клубот,  и сосема неочекувано, женска личност се обиде да ме удри со тврд предмет по главата“, потврди Ристеска за САКАМДАКАЖАМ.МК.

Пејачката вели дека не е повредена, и имала среќа што пред неа стоел нејзин пријател, кој пред неа забележал дека жената сака да ја нападне.

„Да, точно е дека имаше обид за напад кон мене, но за истото е поднесена кривична пријава и очекувам од полицијата да го разреши случајот. Очекувам поддршка од сите вас, бидејќи ова ми се случи без причина и повод. Не се грижете јас сум добра, ви благодарам на сите кои ми пишувате да изразите поддршка. После 21 година кариера,  градење на име и реноме на пристојна и нескандалозна личност, ова за мене е нешто што мислам дека најмалку сум го заслужила и го гледам како обид да се извалка моето име. И покрај сето ова, јас продолжувам да пеам за моите фанови“, кажа Ристеска.