Елена Ковачевска во волуменозно здолниште на Самитот во Гранада


За време на посетата на Гранада, Шпанија, премиерот Ковачевски беше придружуван од сопругата Елена Ковачевска која во рамки на Самитот имаше повеќе активности во програмата, а го придружуваше премиерот Ковачевски и на свечената вечера организирана од Кралот и Кралицата на Шпанија.
 
 
Ковачевска и овој пат одбра креација на нашата славна дизајнерка Тања Кокев, во смирени кафени тонови, интересен панделка детаљ и волуменозно здолниште, инспирирано од шпанската култура. Писмо-чантата и високите салонки беа во црна боја.
 
 
Ковачевска,  и летово, на Самитот на НАТО во Вилнус беше меѓу поелегантните  гостинки со елегантната црна толета со бела ружа како моден додаток на дизајнерката Тања Кокев и со соодветна фризура и со црвен кармин. 
 
 
Олена Зеленска и Елена Ковачевска на свечената вечера во претседателската резиденција во Вилнус/ Фото: Ројтерс

За свечениот прием кај американскиот претседател Бајден, лани, во Њујорк, сопругата на премиерот се одлучи за софистицирана свилена тоалета на црна основа, од постарите есен – зима колекции на Кокев. (Л.С.)