Електричниот „Фолксваген ИД.4“ прогласен за најдобар автомобил во 2021 година
Жирито на Светските автомобилски награди го прогласи електричниот хечбек „Фолксваген ИД.4“ за најдобар автомобил во 2021 година. Резултатите од гласањето се објавени на интернет-страницата на конкурсот.
„Честитки до ’Фолксваген‘ за оваа огромна победа. Ова е само третиот електричен автомобил (во историјата на натпреварувањето досега), што ја освои оваа престижна награда!”, напишаа организаторите на Твитер.
Главни конкуренти на „Фолксваген“ беа „Тојота Јарис“ и електричната „Хонда Е“. Победникот доби 798 поени, вториот – 742, а третиот 732 поена. Без оглед на тоа, „Хонда Е“ ја освои титулата „Најдобар градски автомобил за 2021 година“, „Порше 911 Турбо“ е прогласен за „Најпродуктивен“, „Мерцедес-бенц С-класа“ е „Најлуксузен“, а „Ленд ровер дефендер“ има „Најдобар дизајн“.
Минатата 2020 година, „Киа Телурајд“ беше најдобриот автомобил според Светските награди за автомобили.