Електричен автомобил по цена на електричен велосипед (фото, видео)


Тоа е помалиот „брат“ на кинескиот модел Wuling Hong Guang Mini EV кој постигна неверојатна работа – го победи Tesla во борбата за титулата најпродаван електричен автомобил во Кина.

Новиот помал модел е уште поскромен во понудата, но најсилен адут му е цената. Овој електричен автомобил чини 3.100 долари.
Имаше само еден начин да се направи овој автомобил уште помал од Wuling Mini EV – NanoEV е двосед.

Се вели дека служи првенствено како превозно средство за генерацијата Z (родена помеѓу средината на 1990-тите и почетокот на 2010-тите).

Димензиите на моделот Nano EV се 2500/1526/1616 mm, а меѓуоскиното растојание е само 1600 mm. Минималниот радиус на вртење е 3,8 метри.

Достапен е во неколку бои, а на каросеријата може да се комбинираат и четири различни нијанси одеднаш.

Внатрешноста на возилото изгледа сосема пристојно за оваа категорија на автомобили.

Воланот е мултифункционален, има и 7-инчен ЛЦД наместо класичната инструмент табла, а климата се контролира преку екран на допир.

Кога станува збор за автономија на возењето, дури и ако се пресмета според многу „либерален“ NEDC стандард, повторно е импресивно.

Се очекува Wuling Nano EV да може да помине дури 305 километри со полна батерија, а штом ќе се приклучи на полнач од 6,6 kW, целосно ќе се наполни за 4,5 часа.
На крајот, цената на овој автомобил започнува од 3.100 долари, што значи дека во Кина може да се купи електричен автомобил по цена на пристоен електричен велосипед, пренесува Банкар.ме.