Екстремна опасност по експлозија во Левекузен


Силна експлозија се слушна денеска во германскиот град Леверкузен.

Како што пренесуваат светските медиуми, сведоци велат дека виделе чад, а прогласена е тревога на ниво од „екстремна опасност“.

Според „Билд“, наводно дошло до експлозија во фабрика за преработка на отпад.

Германските медиуми јавуваат дека упатен е апел до граѓаните да ги затворат вратите и прозорците.

На мештаните им е речено да влезат во затворен просто доколку се надвор.