Експлозија на гас во зградата на Црвениот крст во Германија, има повредени
Неколку луѓе се повредени во експлозија на гас во меминген на југот на Германија, јави весникот Билд во птеокот повикувајќи се на полицијата.
Весникот пишува дека не е исклучена уште една експлозија.
Аугсбургер алгемајне пак објави дека експлозијата се случила во зградата на баварскиот Црвен крст околу 6 часот и дека повредени се пет лица, од кои повеќето полесно.
Експлозијата најверојатно е предизвикана од дефект на гасоводот под улицата во која се наоѓа зградата.
На терен се пожарникари, полицијата и други итни служби. Сите згради во кругот од 500 метри се евакуирани, меѓу кои и уредништвото на Меминген цајтунг.
Според Аугсбургер алгемајне, една жена е тешко повредена и е префрлена со хеликоптер во болница во Мурнао.