Осуммина повредени во експлозија во манастирот Серпухов кај Москва


08:47

Осум лица, меѓу кои седум деца, се повредени во експлозија во манастирот Серпухов кај Москва, пренесува ТАСС, повикувајќи се на извор од полицијата.

Машко лице активирало рачно изработен експлозив во близина на манастирот Серпухов. Експлозијата се случила на влезот на православната гимназија, која се наоѓа во рамките на манастирот.

Напаѓачот е повреден и хоспитализиран. Учениците и професорите се евакуирани. 

08:21

Претходно објавивме дека најмалку седум лица се повредени во експлозија во еден женски манастир во московкиот регион.

Како што наведува „Спутник“, се работи за импровизирана експлозивна направа.

Според надлежнит, се претпоставува дека сите повредени се малолетници.