ЕК: Неевропска е одлуката на Германија за ставање на Португалија на црвената листа заради ширењето на делта сојот


Одлуката на Германија да ја стави Португалија на својата црвена листа поради брзото ширење на делта сојот на коронавирусот не е во согласност со европскиот пристап, соопшти ЕК денеска. Одлуката за тоа ја донела канцеларката Ангела Меркел.

Портпаролот на Европската комисија денеска изјави дека сите европски членки треба да се консултираат и да ги координираат своите активности при воведување на здравствените мерки и дека треба да избегнуваат забрани за движење.

-Мерките преземени од Германија не се во согласност со таквиот пристап, искоментираа од ЕК.

„Многу е јасна препораката за мерките што треба да се преземат при повлекување на ’сопирачките во итни случаи’, односно за карантин и тестови“, соопшти ЕК.

Да бидат работите уште полоши, од 1 јули, односно од утре, ќе стапи на сила европскиот здравствен сертификат, што ќе го олесни патувањето во рамките на ЕУ, а што беше многу тешко да се добие.