Егзекуција во Атина: Албанец убиен додека седел во кафуле


 

Полицијата во Грција денеска истражува убиство на 39-годишен маж, кој седел во кафуле во деловниот центар на Атина, во близина на главната железничка станица.

Мажот е идентификуван како државјанин на Албанија, а убиен е од истрели од огнено оружје. Бил погоден во главата и во стомакот, а егзекуцијата ја извршил еден убиец, пренесе „Катимерини“.

Очевидец на полицијата ѝ рекол дека мажот бил облечен во црно, пришол да масата нак оја седел убиениот, пукал три пати и избегал со автомобил со светла боја.

Жртвата била пренесена во болница, но лекарите не успеале да му го спасат живтот.