Едноипол годишно дете од Радовиш заврши во болница, откако испило таблета

Вчера, во 18:22 часот во Полициската станица Радовиш од Итната медицинска помош Радовиш е пријавено дека кај нив бил донесено едноипол годишно дете од Радовиш, кое, според пријавеното од страна на неговиот татко, околу 17 часот во семејната куќа најверојатно испило таблета.
Детето е пренесено во Клиничката болница Штип и укажана му е медицинска помош.