Едно дете во кома, уште 12 повредени при пад на рингишпил во Србија
Во Куршумлија, Србија се урна рингишпил, при што повредени се повеќе деца, од кои едно во кома, како што јавија српските медиуми.
Повредени се дури 13 деца, а некои медиуми јавуваат за шест повредени, од кои три потешко.
Како што објави „Блиц“, 13-годишно момче е во кома, додавајќи дека две деца се тешко повредени.
„Едното дете е во кома, 13-годишно момче, другото дете е со тешки повреди и со приватен автомобил се превезува во Ниш. Во болницата Прокупа се згрижени четири деца“, вели изворот на „Блиц“.
Вести објавија дека три деца се тешко повредени, од кои две се брат и сестра, додека третото дете е пренесено во Ниш.
РТС јавува дека ниту едно дете не е во животна опасност.
Денеска околу 13 часот и 30 минути попуштила конструкцијата на вртелешката и паднала, а во таа прилика се повредени повеќе лица, главно деца, потврдија за „Блиц“ во полициското одделение во Прокупље.
Полицијата е на терен и го утврдува точниот број на повредени и како дошло до несреќата.